За златната генерација по лошиот групен дел од натпреварувањето и тешкиот костур кој ги очекува во нокаут фазата, простор за оптимизам има се помалку.
Белгија едвај ја преживеа групата. Во првото коло беше поразена со минимален резултат од Словачка.
И двата поништени гола послужија како дополнителна сол на раната.
Вториот меч послужи за максимално оправдување. Избраниците на Доменико Тедеско успеаја да ја совладаат Романија со 2:0.
Во последниот натпревар по пораз и победа успеаја да извлечат реми. Нерешениот резултат 0:0 со Украина им донесе (незаслужен) пласман во осминафиналето, а Украинците ги испрати дома.
Еден Азар ја заврши кариерата, а ова може да биде последен меч за Аксел Витсел, Јан Вертонген, Тома Меуниер, Кевин де Брујн, Јаник Караско и Ромелу Лукаку на континенталните првенства
Повторно ќе се очекува многу од Џереми Доку и Ромелу Лукаку. Доку е најталентираниот фудбалер од новата генерација додека Лукаку како што знае и умее ќе има задача да ги надополни лошите игри кои ги одигра досега.
Двете репрезентации досега имаат одиграно дури 18 дуели. Французите имаат благо водство со седум победи, Белгијците пет, а шест меча завршиле без победник.