Муцунски – Гир: Упатена благодарност за континуираната поддршка од Европската унија за реформските процеси

Mucunski_Gir_2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир.


На средбата, министерот Муцунски, го нагласи силниот фокус на новата Влада за забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата со високата корупција.

Муцунски упати благодарност и за континуираната поддршка од Европската унија за реформските процеси, нагласувајќи дека земјата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности.

На работната средба беше истакната и важноста на евроинтегративниот процес за стабилноста на регионот и, во таа смисла, потребата од што поскоро интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст. Во таа смисла, беше поздравен и неодамна донесениот План за раст за Западен Балкан како значаен политички и финансиски влог на ЕУ кој треба да внесе дополнителен поттик на патот кон остварување на крајната цел за полноправно членство во ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK