Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 % во однос на одлуката од 28.6.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,868%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,368%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,387% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,170%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,042%
Од 2.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)- 75,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС- 48,008 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,080 ден/кг.