Вчера вечер во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје, 23-годишниот К.С. од Скопје, додека управувал мопед „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот, извести МВР.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.