Во екот на туристичката сезона во Охрид и оваа година се оддржува седмото издание на Beach Film Festival од 17-ти до 21-ти јули 2024 година. Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински културен центар.
Оваа година земјата во фокус е Шпанија со поддршка од шпанската амбасада на Р.С.М. и ќе се прикажат филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите. Филмовите смело ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските. Ќе бидат прикажани како претпрограма од 3 – 7 јули 2024 на Плажата Сараиште и проекциите ќе бидат од отворен карактер, бесплатни за сите посетители.
Beach Film Festival секоја година расте не само квантитативно со бројот на филмови кои се прикажуваат, но и квалитативно со изборот на европски филмови. Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот.