Возачот на камионот не е повреден и нема никакви посериозни штети направено на камионот, информира ЦУК откако претходно беше објавено дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Конкретно, заглавениот камион на патот кај Росоман кон Прилеп, на место викано „Камен Дол“ близу кај ресторанот „Јавор“ е извлечен од страна на ТППЕ Кавадарци со екипа од три пожарникари и две ПП возила. Камионот бил заглавен и во кал со предните две тркала“, велат надлежните.