Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку eдинствениот број за итни повици 112 во ЦУК, биле добиени пријави и известувања за причинети штети.
Жители на Бутел преку видео ја опишуваат состојбата по невремето во оваа скопска општина.
Според ЦУК на бројот за итни повици биле добиени пријави за паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли.
Имало пријави за поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.