Гоу Грин бара од Министерството за транспорт и врски да ги вклучи велосипедите и лицата со посебни потреби во физибилити студијата за градскиот железнички превоз

gfsdgg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деновиве низ медиумите кружи добра вест дека повторно заживува идејата за воспоставвување на градски железнички превоз во Скопје.  Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“- Скопје ја поздравува оваа идеја, бидејќи железничкиот градски превоз е докажано еколошко транспортно решение во борбата против климатските промени.


„Преку него се намалува зависноста од приватните автомобили, потребата од широки булевари и огромни паркинзи, нуди сигурен и доверлив висококапацитативен транпорт на луѓе низ градот, но и неговите крајни дестинации и предградија.Во интерес на борбата против климатските промени се надеваме дека во најавената физибилити студија од страна на Министерот за транспорт и Врски, г-динот Александар Николовски ќе бидат земени предвид сите типови на патници, како што се прави во развиените европски и светски градови“, велат од здружението.

Како што дополнуваат, бидејќи е најавено дека ќе се проверат и самите железнички станици и ќе се направи анализа дали треба да се направат нови, сметаат дека треба да се провери и пристапноста на самите станици.

„Во Скопје има голем број на лица кои се движат со помош на колички (инвалидски, бебешки итн.) и круцијално е да им се понуди безбеден пристап во возовите. Дополнително од огромна важност е да се овозможи мултимодален транспорт (транспорт на велоспеди во возовите) и да се размислува за интермодален транспорт (можност за изнајмување на велосипеди на железничките станици, поврзаност со автобускиот транспорт/БРТ преку делење постојки, Park & Ride систем итн.). Овие решенија им овозможуваат на патниците кои живеат над 5 км од крајната дестинација да се движат со воз до најблиската станица и потоа со велосипед до крајната дестинација (која најчесто е низ најголемиот градски метеж).  Преку овие решенија огромен број од граѓаните ќе имаат можности да се движат безбедно и брзо низ градот, а со тоа да се намали потребата од автомобили и асфалт. Во оваа цел Гоу Грин им стои на располагање на Министерството за Транспорт и Врски за понатамошна соработка и смета дека граѓанскиот сектор мора да биде вклучен во сите наредни чекори“, завршуваат од здружението Гоу Грин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK