По неколкумесечни тешки преговори, данската влада се договори со фармерите, производителите и еколошките групи да ги оданочува емисиите на метан произведени од домашни животни како крави и свињи од 2030 година.
„Ќе бидеме првата земја во светот што ќе воведе реален данок на CO 2 во земјоделството. Другите земји ќе бидат инспирирани“, рече Џепе Брус, министер за даноци, пренесува Фигаро.
Данска, која има за цел дотогаш да ги намали емисиите на стакленички гасови за 70 отсто, одлучи да го таргетира метанот што го испуштаат кравите, свињите и овците.