Тартиф во режија на Андреј Цветановски премиерно во Тетовскиот театар

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 28 и 29 јуни во 20 часот во Тетовскиот театар премиерно ќе биде одиграна претставата Тартиф според Молиер, а во режија и адаптација на Андреј Цветановски.



Претставата изобилува со визуелни слики и емотивни конфликти меѓу ликовите. Самиот Молиер важи за еден од најзанчајните автори на класичната драматургија и е предизвик за целата екипа, која работеше на ова дело интензивно, вдахнувајќи креативен печат и убава енергија.

„Силните луѓе создаваат мирни времиња. Мирните времиња создаваат слаби луѓе. Слабите луѓе создаваат тешки времиња. Тешките времиња создааваат силни луѓе. И така се во круг. Низ оваа максима се обидовме да ја погледнеме вечната тема на најголемиот лицемер во класичната драматургија, Тартиф. Но дали е тој лицемерот или луѓето кои зависат од неговата способност? Низ силна и емотивни ситуации се случува трилер претстава која се заснова на замрсените односи на една фамилија, и нивната постојана опсесија за богатство. Низ сите тие ликови и нивните завери ја осовременивме и донесовме во денешни услови приказната распадот на фамилијата, а со тоа и на системот. Дали компанијата беше во постојан пад и пред да се појави Тартиф? Дали корените на фамилија Пернел се распаѓаат од мирните времиња во кои живее новата аристократија?“, изјави режисерот на претставата, Андреј Цветановски.

Во претставата играат: Тартиф – Ѓорѓи Нешкоски;  Оргон – Петрит Незири; Елмира – Миа Кантарџиева – Петровска; Дорина – Марија Цветановска;  Дамис – Марко Богдановски;  Клеант – Арѓенд Хасани;  Маријана – Ирена Мирческа;  Валер – Абдула Османи;  Пернел – Берат Салиу;  Лојал – Шкумбин Зеќири.

Сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, костимите се дело на Медина Хоџа, додека зад музиката стои Димитар Андоновски.

Проектот е подржан во годишната програма на Министерството за култура и е втора премиера од програмата на Тетовскиот театар за оваа година, после премиерата Пациентот на Фројд од Миро Гавран во режија на Гент Чајани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK