Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Oд-утре-промена-на-времето-метеоролозите-најавуваат-силен-ветер-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.


На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и град.

Во Скопје до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град, информираат од УХМР.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK