Министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманен денеска изјави дека на денот на првиот круг од вонредните парламентарни избори можни се „многу силни тензии“, но оцени и дека нема ризик од терористички напади.
„Можно е да има исклучително силни тензии“, изјави Дарманен за француското радио РТЛ.
Тој рече дека властите се подготвуваат за „многу запалива“ ситуација навреме за гласањето во недела, на 30 јуни, кое ќе се одржи на помалку од еден месец пред почетокот на Олимписките игри во Париз.