Некогаш и сега: како изгледаат денес актерите од бразилската серија „Клон“

клон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бразилската серија „Клон“, односно „Забранета љубов“ започна да се емитува во 2001 година и брзо ги освои срцата на гледачите ширум светот.


Серијата се снимаше во Бразил и Мароко и беше првата теленовела која се занимаваше со темата за односот меѓу две вери, како и темата за клонирање. Во центарот на приказната е љубовта меѓу Жаде и Лукас, а главните улоги ги толкуваа Џована Антонели и Муриљо Бенисио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🦀🐟❤ (@giovannamurilo_)

Џована и Муриљо се заљубиле на снимањето и брзо станале еден од најпопуларните парови во светот на славните. Во 2005 година го добија синот Пјетр, но разделбата следеше неколку месеци подоцна, кога решија да стават крај на нивната љубовна приказна, а како што тогаш пишуваа медиумите, не се разделија во пријателски односи и упатија бројни обвинувања еден против друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dudalina (@dudalina)

По раскинувањето со колегата, актерката излегуваше со бизнисменот Алесандре Асиоли, но и таа љубов не траеше. Таа подоцна се впушти во уште неколку кратки врски, па се сврши со бизнисменот Роберто Локаси во Италија во 2004 година, но четири месеци подоцна раскинаа.

Во октомври 2010 година ги доби близначките Антонија и Софија со режисерот Леонардо Ногуеира.

Популарната Жаде се уште се занимава со глума, но и со режија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giovanna Antonelli (@giovannaantonelli)

Минатата година беше премиерно прикажана серијата „Quanto Mais Vida, Melhor!“, во која глуми и таа.

Џована е активна на социјалните мрежи, а обожавателите редовно и пишуваат дека со годините изгледа подобро.

Таа и Муриљо неодамна учествуваа во заеднички проект, кој израдува многу нивни обожаватели.

Ниту Муриљо немал помалку бурен љубовен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giovanna Antonelli (@giovannaantonelli)

Првиот брак му беше со актерката Алесандра Негрини, со која го доби синот Антонио. Сепак, тие се разведоа по една година.

По раскинувањето со Антонелиева, тој ги криеше своите врски, а единствена за која отворено зборуваше е онаа со колешката Дебора Фалабела. Двајцата заедно глумеа во серијата „Авенида Бразил“, каде што се разгоре љубовта.

Ниту оваа врска не траеше, а Бенисио е во врска со сценаристката Мануела Диас од 2020 година.

За време на снимањето на серијата „Клон“ жените ширум светот полудеа по него, а Мурило денес изгледа многу поинаку. Обожавателите често во коментарите му велат дека тој се уште е неостварена желба на многумина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Murilo Benício (@murilobeniciooficial)

Карла Дијаз го портретираше слаткото девојче Кадија Рашид, ќерката што Жаде ја имаше со Саид. Карла тогаш имаше само 11 години, а дебитираше на сцената во 1994 година во серијата „Éramos Seis“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Diaz (@carladiaz)

Денес, освен што е успешна телевизиска, филмска и театарска актерка, таа е и пејачка. Карла во 2021 година учествуваше и на бразилскиот Голем брат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Diaz (@carladiaz)

Саид Рашид, со кого Жаде беше во брак е портретиран од Далтон Виг.

Далтон ги освои и срцата на многу жени, а со текот на годините многу се промени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aninha (@centralvigh)

Глумеше во бројни серии и филмови, како и во театар, а од 2012 година е во брак со актерката Камила Черкс, со која ги има близнаците Артур и Дејвид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalton Vigh (@daltonvighreal)

Вера Фишер е една од најпопуларните бразилски актерки, а во оваа серија го толкуваше ликот на Ивет.

Таткото на Вера бил нацист, за што таа отворено зборувала и истакнала дека поради тоа никогаш немала добри односи со него. Успехот го постигна во 1969 година, кога стана Мис Бразил, а актерската кариера ја започна во порнографскиот филм „Супержена“ во 1973 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arte de Giovanna Antonelli ✨ (@artegioanto)

Подоцна следеа улоги во бројни продукции, а Вера на пошироката публика и е најпозната по улогите во сериите „Клон“, „Семејни заплети“ и „Индија – љубовна приказна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Fischer 🎥🎭 (@verafischeroficial)

Денес Вера има 72 години и активно се занимава со актерство.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK