Двајца тинејџери обвинети за силување и антисемитско насилство врз 12-годишно девојче во Франција

francuska-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца малолетници се осомничени за силување, смртни закани, навреди и антисемитско насилство врз 12-годишно девојче во Франција, соопшти обвинителството во Нантер. Трет малолетник е осомничен дека помагал и бил сведок на силувањето.


Тројца малолетници се уапсени во понеделникот и „одреден им е притвор во зависност од нивната возраст“, ​​објаснуваат од обвинителството. На двајца 13-годишници им е одреден притвор, додека на 12-годишник и е одредена привремена воспитна мерка. Случајот предизвика бурни реакции кај еврејската заедница, пишува Le Monde.

Отежната околност за осомничените малолетници лежи во тоа што тие делата ги сториле „поради верската припадност на жртвата“, посочи државниот правобранител.

Според полициски извор на агенцијата Франс прес, 12-годишното девојче изјавило дека и пришле три момчиња и ја влечеле додека била во парк во близина на нејзиниот дом со пријател. Осомничените ја претепале и „ја принудувале на секс, со смртни закани и антисемитски навреди“, рекол изворот.

Пријателот на жртвата успеал да ги идентификува двајцата напаѓачи. Девојчето по нападот било пренесено во болница. Направен е гинеколошки преглед кој потврдил дека е силувана.

Хаим Корсија, главниот рабин на Франција, предупреди на „невиден антисемитски бран“ и нагласи дека е „згрозен“ од настанот. Претставничкиот совет на еврејските институции на Франција ја изрази својата тага „поради трагичното силување на девојчето“, најавувајќи дека „внимателно ќе ги следи сите случувања во овој крајно загрижувачки случај“.

Антисемитските акти се зголемија во Франција во првиот квартал од 2024 година, според владините податоци. Во првите три месеци од годинава евидентирани се вкупно 366 антисемитски дејствија, што е за 300 отсто зголемување во однос на лани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK