Населба Аеродром изминатиот викенд пулсираше во ритамот на музиката, а Џевахир Мол Скопје повторно беше центар на забавата и дружењето во нашиот главен град. Под мотото „Аеродром пулсира vol.2“, посетителите на новоотворениот трговски центар, на 14 јуни можеа да го проследат завршното годишно шоу на младите тапанари од Studio М на Мартина Баракоска, по што следеше и специјалниот настап во живо на неверојатниот млад бенд „Црно собрание“. Втората вечер, на 15 јуни ја отвори Диџеј Чваре со свој сет, по што сцената ја освоија регионалните трап и хипхоп ѕвезди 2Бона. Атмосферата кулминираше со настапот на неповторливата македонска поп ѕвезда, Тамара Тодевска, која ги испеа своите најголеми хитови.