Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави спискот на играчи за дуелите со Луксембург и Грција во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2028 година.
На списокот на Лазаров од 18 ракометари, нема место за пикерот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, додека неговиот клупски колега, ветеранот Никола Митревски се наоѓа меѓу резервите.
Во рамките на ЕХФ неделата, за Македонија ќе дебитира, Дмитро Хориха.
Селекторот го закажа првиот собир за в недела, во хотелот Александар Палас.
Izvor i Foto/ macedoniahandball.com.mk