Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) потврди дека ЕУРо 2024 е завршено за фудбалерот на Јувентус Филип Костиќ.
Филип Костиќ го повреди коленото на мечот со Англија, сериозноста на повредата е таква што нема да се опорави навреме за продолжението на турнирот.
„Магнетната резонанца покажа делумно оштетување на надворешниот медијален лигамент. Тој ќе остане во Германија уште два дена, а потоа ќе замине. Неговиот клуб е информиран“, изјави портпаролот на ФСС.
Овој тип на повреда бара двонеделно опоравување, па крилниот напаѓач по следниот натпревар ќе го напушти репрезентативниот камп.
Србија во второто коло, во Ц групата, во четврток од 15 часот ќе игра против Словенија.