Реконструкција на владата во Грција: новиот состав ќе биде познат напладне

gr-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Грција денеска ќе се реконструира владата, а новиот состав на кабинетот напладне ќе го соопшти владиниот портпарол.



Кабинетот на премиерот Кирјакос Микотакис соопшти дека владиниот медиумски претставник Павлос Маринакис на прес-конференција ќе ги соопшти промените што следуваат.

Како што јави грчката ТВ „ЕРТ“, се очекува да бидат сменети неколку министри, а главен критериум по кој ќе се носат одлуките е ефикасноста.

Централнодесничарската партија Нова демократија на Мицотакис постигна полош резултат на изборите за Европскиот парламент, потсетува Ројтерс.

Нова демократија, која е на власт во Грција од 2019 година, освои 28,3 отсто од гласовите на изборите за ЕП, но не ја достигна целта од 33 отсто што ја постави Мицотакис за време на изборната кампања, како и 40 отсто од гласовите што ги имаше победи на националните избори во јуни минатата година, анализираат грчките медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK