Синдикатот на фудбалерите поднесе тужба против ФИФА

Untitled-2-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународниот фудбалски синдикат ФИФПРО поднесе тужба против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во судот во Брисел поради проширување на Светското клупско првенство.



Светско клупско првенство, во новиот формат, со 32 екипи, ќе се одржи во јуни и јули 2025 година во САД.

ФИФПРО веднаш излегоа со став дека се загрижени за физичките и металните барања што им се поставуваат на играчите и додаде дека ваквите одлуки „ги кршат правата на играчите и нивните синдикати“.

Се додава дека и синдикатите на фудбалери од Англија и Франција поднеле тужба до Стопанскиот суд во Брисел. Од бриселскиот суд се бара да го упати случајот до Европскиот суд на правдата.

ФИФА ги откри деталите за своето проширено Светско клупско првенство во декември.

ФИФПРО веднаш се спротивстави на плановите, за кои рече дека покажува „недостаток на грижа за менталното и физичкото здравје на играчите, како и непочитување на нивниот личен и семеен живот“.

ФИФА соопшти дека распоредот за едномесечниот турнир, за време на паузата во повеќето лиги ширум светот, ќе обезбеди играчите да имаат доволно одмор.

Тоа тврдење беше оспорено од ФИФПРО.

„Кога се вклучени подготвителните периоди и патувањата, турнирот најверојатно ќе создаде до шест недели дополнителна работа, што дополнително ќе го оптовари веќе преполниот распоред“, се вели во соопштението на ФИФПРО.

Организацијата на Светското клупско првенство во 2025 година значи дека најдобрите светски фудбалери три години по ред ќе играат големи натпреварувања во летниот период, со оглед на тоа што оваа година се одржуваат Европското првенство и Копа Америка, а Светското првенство е во 2026 година.

„Бидејќи сите обиди за дијалог не успеаја, сега останува на нас да обезбедиме целосно почитување на основните права на фудбалерите со тоа што ќе го изнесеме предметот на суд“, рече претседателот на ФИФПРО Европа, Дејвид Терие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK