Претседателот на Собранието Африм Гаши денес оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер.
Беше искажано особено задоволство од реализација на средбата и благодарност за германскиот проактивен пристап и поддршка во остварувањето на нашите стратешки цели, претходно членството во НАТО и нашите тековни напори кон поноправно членство во Европската унија. Претседателот Гаши ја поздрави инцијативата и активностите кои произлегуваат од Берлинскиот процес, вклучително и неодамнешната парламентарна димензија и поддршката од специјалниот пратеник за Балканот Сарацин. Несомнено меѓу најзначајните, е благодарноста за Резолуцијата на Бундестагот за нашиот пат кон ЕУ, особено признанието на македонската култура, идентитет и јазик, како еден важен сегмент од интензивната соработка на сите нивоа меѓу двата парламента. Истакната беше и програмата ИПС за млади лица која треба да продолжи и во иднина, како и поддршката на Фондациите Фридрих Еберт и Конрад Аденауер на политичките партии земјата.
Амбасадорката Дрекслер, упатувајќи честитки на Претседателот Гаши, му посака успех во водењето на оваа функција во период со многу предизвици. Ја потврди одличната соработка меѓу двете држави и двата парламента, изразувајќи благодарност за нашиот пристап кон ИПС прорамата и задоволство за корисноста на програмите на двете германски фондации кај домашните политички чинители. Во однос на Берлинскиот процес, информираше за овогодинешниот десетгодишен јубилеј и одржувањето на Самит во Берлин, притоа изразувајќи надеж за учество и на парламентарна делегација на овој настан. Амбасадорката изрази надеж дека во периодот што следи, земјата ќе продолжи на својот евроинтегративен пат со несмалено темпо и со спроведувањето на досега преземените обврски.
Двајцата соговорници разменија мислења за идните можности за соработка и за потенцијалите во доменот на економијата, развојот на пазарното стопанство и други области од взаемен интерес.