(Видео) Потресни сцени од погребот на 11-годишното девојче убиено во Грција

sahrana-vasilike6-830x0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

11-годишното девојче, кое беше брутално убиено во Грција, вчера беше погребано во родното село, а сцените од погребот се срцепарателни.


Малата Василики за чие убиство се сомничи нејзиниот роднина, до вечното почивалиште ја придружуваа стотина луѓе.

Блиските на убиеното девојче го носеа белиот ковчег со телото од нејзината куќа до црквата Свети Анастасиј, каде што беше извршен погребот.

Во тажната поворка беа и нејзините пријатели од училиштето и професорите, кои не можеа да ги сопрат солзите. Зборовите на нејзината учителка беа потресни.

„Ти доаѓаше кај мене и ми кажуваше: „Учителке, дали да станам доктор кога ќе пораснам?“ Ти реков „да“. Потоа дојде по неколку дена и ми кажа дека си се предомислила, дека би сакала да бидеш учителка, ти реков: „Биди, моја Василики“, низ солзи рече нејзината наставничка.

Василики била среќно дете, полно со планови, а нејзиниот живот застана во миг. Ја убил роднина, бидејќи одбила да има односи со него. Од бес ја избол со шрафцигер и ѝ го фрлил телото во полето.

За време на погребот одекнуваше лелек, а зборовите на мајката ги потресоа сите.

„Нека моето девојче ја најде правдата. Моето девојче не го заслужи ова мачење. Сакам да им порачам на сите мајки на светот да се грижат за своите малечки девојчиња. Не дозволувајте да им се случи тоа што ми се случи”, рече мајката на Василики, низ солзи на погребот.

По погребот над црквата беа пуштени десетици бели балони, а при внесувањето на телото се слушаше аплауз во чест на убиеното девојче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK