Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер масија на бизнис – интересите врз интересите на работниот народ, реагираат од Левица.
Ова решение, како што оценуваат, дополнително ќе ја зголеми експлоатацијата на работниците, која ќе биде насочена во насока на триплирање на профитите на домашните, а пред сè, на странските сопственици на капитал во земјава.
„Со реструктуирањето на министерствата, трудот се вади од Министерството за труд и социјална политика, каде го имаше својот примат во насока на заштита на интересите на работниците и се преместува во Министерството за економија, каде трудот и институционално се подредува на економските, односно бизнис – интересите на олигархијата.
Ставањето под иста капа на овие две спротивставени класи, од една страна – трудот и од друга страна – капиталот, карактеристична за десничарските партии, Левица ја поима, единствено, како оддолжување на ДПМНЕ кон капитал – сопствениците, кои ја спонзорираа нивната партија на грбот на работниците“, се истакнува во соопштениетот од оваа партија.
Со овој потег, потенцираат од Левица, коалицијата на Мицкоски социјалниот дијалог, исклучително, го насочува во корист на капитал – сопствениците.