„Многу светски шампиони не играат на ЕП за да се каже дека ЕП е најтешко“

ae58a745-9b00-436d-995b-59fe71c0d09a.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европското првенство во Германија започнува во петок, ќе го отворат Германија и Шкотска, во Минхен на „Алијанц Арена“ со почеток во 21 часот.


Еден од најголемите фаворити за освојување на ЕП е репрезентацијата на Франција, а нивниот клучен играч, Килијан Мбапе неодамна изјави дека Европското првенство е потешко натпреварување од Светското првенство.

Според многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња и актуелен освојувач на Златната топка, Лионел Меси, не го дели неговото мислење.

Во едно интервју, Аргентинецот ја коментираше изјавата на Мбапе.

„Исто така рече дека јужноамериканските тимови немале конкуренција од европските. Секој го цени тоа што го игра. ЕП е многу важно, но Аргентина, трикратниот светски шампион, не е на него. Не е и Бразил, кој пет пати беше светски првак, ниту Уругвај, кој двапати го освои Светското првенство.

Многу светски шампиони не играат на ЕП за да се каже дека ЕП е најтешко, нели? На Мундијалот најчесто играат најдобрите селекции и најчесто таму се сите земји кој ја освојувале титулата. Затоа сите сакаат да бидат светски шампиони“, рече Меси за изјавата на поранешниот соиграч од ПСЖ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK