Повеќе од 80 луѓе загинаа во несреќа на река во Конго

nesrekja-brod.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 86 лица, меѓу кои 21 дете, загинаа во бродска несреќа на реката Касаи во западната провинција Мај-Ндомбе во Демократска Република Конго.


Фаталните несреќи на реките се вообичаени во водите на ДР Конго, каде што бродовите често се натоваруваат многу повеќе од нивниот капацитет. Централноафриканската земја има малку асфалтирани патишта низ нејзината пошумена територија, а патувањето по река е вообичаено.

„Претседателот на Републиката повикува на истрага за вистинските причини за овој немил настан, со цел да се спречи тоа да се повтори во иднина“, соопшти Претседателството на платформата Икс.

Несреќата се случила за време на ноќното пловење, изјави за Ројтерс гувернерката на провинцијата Мај-Ндомбе, Рита Бола Дула, додавајќи дека истрагата продолжува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK