Османи: Со изборот на нов Генерален секретар на РСС го сочувавме кредибилитетот на регионалната сопственост, лидерството и стабилноста

BO.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на Претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), денеска се обрати на Годишниот состанок на Советот за Регионална соработка (РСС), нагласувајќи дека постигнувањето консензус за избор на нов Генерален секретар на РСС претставува уште еден значаен успех и потврда на меѓународната позиција на земјава.



„Задоволство ми е што успеавме да постигнеме консензус и го номиниравмеАмер Капетановиќ за нов Генерален секретар на РСC. Како претседавачи со Процесот сме особено горди на ова постигнување. Со овој чин, ние – учесниците во Процесот, покажавме дека сме способни да го сочуваме кредибилитетот на регионалната сопственост и лидерството кои ги градевме и надградувавме низ годините наназад преку оваа значајна регионална иницијатива“, нагласи Османи.

Според Османи, регионалната соработка беше и ќе остане високо на агендата на нашата надворешна политика како пред, така и по претседавањето со ПСЈИЕ.

„Нашето учество во различни регионални иницијативи и фактот што претседаваме по трет пат, со една од најстарите, ја покажува нашата посветеност на тој план. Континуирано вложуваме големи напори во градењето добрососедски односи засновани на меѓусебно пријателство и доверба, придонесувајќи притоа за долгорочната стабилност и просперитет на нашиот регион“, рече меѓу другото.

Османи заклучи дека соработката во рамки на ПСЈИЕ и РСС ги збогатува односите и ги промовира европските вредности меѓу учесниците. РСС e уникатна платформа за продлабочување на регионалната соработка и поттикнување на добрососедските односи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK