Макрон потврди дека нема да поднесе оставка доколку неговата партија загуби на изборите

Макрон-Французи-борeте-се-против-антисемитизмот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска потврди дека нема да поднесе оставка доколку неговата партија „Преродба“ не победи на вонредните парламентарни избори на крајот на месецот.


„Сакам да ја отфрлам таа идеја на почетокот, бидејќи таа опција никогаш не постоела“, им рече Макрон на новинарите, според Ројтерс.

Макрон претходно денеска изјави дека распуштањето на францускиот парламент и распишувањето предвремени избори е единствениот можен одговор на добрите резултати што ги постигна екстремната десница на изборите за Европскиот парламент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK