Град Скопје: Со новите специјално адаптирани моторни возила до полесно движење на децата и лицата со попреченост

thumbnail_Objava-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градот Скопје информира дека со новите специјално адаптирани моторни возила, се овозможува полесно движење на децата и лицата со потешка телесна инвалидност.


Новите возила, како што појаснуваат, се посебно адаптирани со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и друга опрема која осигурува безбеден превоз на лицата корисници.

„Со новите возила Град Скопје обезбедува грижа, инклузивност и безбедност, како и подобрување на условите во секојдневието за лицата со попреченост.

Организираниот бесплатен превоз за лицата со потешка инвалидност во Скопје се реализира со девет посебно адаптирани возила, еден мини бус и еден автобус со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и друга опрема која ја обезбедува безбедноста на корисниците, а дневно услугата ја користат околу 40 лица.

Превозот можат да го користат сите лица кои ќе стекнат право и одобрение врз основа на соодветна документација, за што подетални информации можат да се добијат на телефон 02-3297-321“, се нагласува во соопштението од Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK