Група руски војници „Восток“ го ослободија селото Старомајорске во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), соопшти денеска Министерството за одбрана.
„Единиците на воената група „Восток“ продолжија да напредуваат во длабочината на противничката одбрана и го ослободија селото Старомајорска“, се вели во резимето на текот на специјалната воена операција, пренесува Риа Новости.
Во изминатите 24 часа, вооружените сили на Украина загубија до 140 војници, две возила, топ Д-20, хаубици ФХ-70 и Д-30 во овој сектор на фронтот.