Портпаролот на Шолц: Нема да има вонредни избори во Германија

г.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Германија нема да има вонредни избори и покрај лошиот настап на владејачката коалиција на изборите за Европскиот парламент, изјави денеска портпаролот на германскиот канцелар Олаф Шолц, Штефен Хебстрајт.

„Редовниот датум за избори е следната есен. И тоа е она што планираме да го направиме“, рече тој на прес-конференцијата.

Откако социјалдемократите (СДП) го постигнаа историски најлошиот резултат со освоени 14 отсто, зад екстремната десница АфД (16 отсто) и конзервативниот блок ЦДУ-ЦСУ (30 отсто), многу политичари во Германија го повикаа Шолц да свика предвремена парламентарна избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK