Вчера, во 19.50, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Македонско-косовска бригада во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Б. (23), удрило во пешакот Ќ. А. (74), двајцата од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот Ќ. А., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.