Аргентина го победи Еквадор во пријателски натпревар со 1:0 (1:0) пред полните трибини на стадионот „Солџер Филд“ во Чикаго.
Актуелните светски шампиони се во добра форма, немаат пораз на последните седум натпревари (6 победи и 1 реми). Дуелто со Еквадор беше претпоследниот за Аргентина пред стартот на Копа Америка.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше искусниот Анхел Ди Марија, кој погоди во 40. минута по додавањето на Кристијан Ромеро.
Лудница на трибините настана во 56.минта кога на теренот влезе Лиоенел Меси. Меси влесе на местото на Ди Марија, но не успеа посериозно да се закани кон голот на искусниот Хернан Галиндез.
По овој дуел избраниците на Лионел Скалони ги натпреварот со Гватемала на 15 јуни.
Копа Америка ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули. Аргентина ја брани титулата освоена во 2021 година.
Ángel Di María has been doing this for a long time 🍷
Watch Argentina vs. Ecuador on Max or truTV 📺 pic.twitter.com/HfqHSI0Z4R
— B/R Football (@brfootball) June 10, 2024