Супер трка во Канада – Ферстапен победи пред Норис и Расел

12287743.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Канада. Трката на патеката „Жил Вилнев“ ја обележа променливото време, возилото за безбедност кое два пати излезе на патеката, неколкуте промени на челната позиција и катастрофалното издание на Ферари, чии возачи Шарл Леклер и Карлос Саинц не ја завршија трката.


Ферстапен до победата дојде пред Ландо Норис од Мекларен и Џорџ Расел од Мерцедес кој стартуваше под пол позицијата.

Расел на три круга тпред крајот го престигна најпрвин Оскар Пјастри, а потоа и тимскиот колега Луис Хамилтон.

Покрај најбрзите тројца бодови освоија Хамилтон, Пјастри, возачите на Астон мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, Дание Рикардо од РБ и пилотите на Алпин, Пјер Гасли и Естебан Окон.

Наредната трка во првенството на Формула 1 ќе се вози во Барселона, на патеката „Каталуња“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK