Очекувам по Конгресот СДСМ да излезе посилен и обединет, кажа Ковачевски

Screenshot-2024-06-09-130842.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот и претседател на СДСМ во оставка, Димитар Ковачевски, се обрати пред медиумите во пресрет на Конгресот на партијата.


–Денес имаме закажано Конгрес на партијата и според статутот на СДСМ, раководството ќе даде отчет за изборните резултати. Исто така делегатите ќе се изјаснат за довербата во органите на партијата и на кој што ќе разговараат за сите прашања поврзани со изборите, но и околу работењето на партијата во изминатите четири години, рече Ковачевски.

На поставено новинарско прашање дали очекува жестока дебата и директни напади околу работењето на партијата и поразот на изборите, Ковачевски кажа дека се што имал да каже, го кажал и на 8-ми мај и на денот кога се повлече од претседателското место во партијата, на 28-ми мај.

–Очекувам отворена дебата и да се разговара отворено и конструктивно за сите прашања кои влијаеа на изборниот резултат. Делегатите ќе имаат за што да разговараат, членовите на раководството ќе имаат свои одделни експозеа. Мислам дека ќе биде успешен Конгрес од кој СДСМ ќе треба да излезе посилен и побединет и да влезе во процесот на финализирање на нов претседател и ново раководство, изјави тој пред новинарите.

Во четвртокот заврши рокот за кандидирање за претседател на СДСМ, а кандидатури поднесоа: поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.

Вонредните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ ќе се одржат на 30 јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK