Граѓанин залутал во реонот на општина Старо Нагоричане, движејќи се накај бањата Стрнобац, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.
-Граѓанин се јавил на 112 дека залутал и се изгубил, движејќи се кон Стрновац- бања во Старо Нагоричане. По конференциска телефонска комуникација со дел од службите од Системот за управување со кризи и со ОЦ СВР Куманово, било донесено решено дека дежурните од полицијата од ПС Старо Нагоричане ќе го контактираат директно со лицето и ќе му помогнат – прво ќе му дадат насоки за движење, а потоа ако е потребно и ќе појдат по него на терен според локацијата добиена од неговиот мобилен телефон, соопшти ЦУК.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање.