Општина Центар: времени активности на ЕВН во Паркот на франкофонијата

WhatsApp-Image-2024-06-07-at-10.32.29_3c165efd.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Центар известува дека ЕВН Македонија АД започна со активности на терен во дел на Паркот на франкофонија за да обезбеди времен пристап за изградба нови електроенергетски објекти, односно нов 110 кВ вод во Општина Центар, што е од витално значење за квалитетно напојување и инфраструктурен развој на општината и Град Скопје.


Планираните активности со поставување тампонски материјал, ќе се одвиваат во втората и третата недела од месец јуни 2024, од улицата Аминта Трети (Министерство за земјоделие) до Кеј 13 Ноември (Кеј на Вардар).

Веднаш по завршувањето на активностите, ЕВН Македонија е должен да пристапи кон возобнување на сите површини оштетени со изградбата на времениот пристап и нивно враќање во првобитна состојба, се истакнува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK