Момче падна во река во Англија пред четири месеци, денеска е пронајдено неговото тело

Screenshot-2024-06-06-203655.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пронајдено е телото на двегодишното момче Ксиел Марузива кое во февруари падна во реката Соар во Лестер, пренесува Скај Њуз.


Полицијата во Лестершир соопшти дека телото било пронајдено во раните утрински часови во областа Ејлстоун Медоус во близина на реката.

Потрагата по момчето трае од 18 февруари, кога итната помош добила дојава дека детето кое било со членовите на семејството паднало во река во Лестер.

Се уште се чекаат резултатите од официјалната легитимација, а на семејството му е укажана психолошка помош.

„Ова е тажна вест и нашите мисли се со неговото семејство. Жал ни е што им ја пренесуваме оваа вест која не преплаши сите нас“, рече полицаецот Михаела Кер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK