Во хотел во Париз уапсен маж кој донел експлозив – 26-годишник од украинско-руска националност

Две-години-условен-затвор-и-250000-евра-глоба-познатата-француска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француската полиција денеска соопшти дека уапсила 26-годишен маж од украинско-руска националност, кој поседувал експлозив во хотел на северот на Париз.


Неименуван извор од француската антитерористичка единица (ПНАТ) потврди дека оваа служба го презела случајот и отворила истрага поради сомневање дека уапсениот учествувал во терористички заговор, пренесува Ројтерс.

Истиот извор рече и дека во истрагата се вклучила и француската домашна разузнавачка агенција ДРМ.

Телевизијата БФМ, повикувајќи се на извор запознаен со случајот, објави дека уапсениот се обидувал да направи експлозивна направа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK