Италијански скијач и неговата девојка загинаа на планина, ги нашле врзани заедно

Screenshot-2024-06-05-111419.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жан Даниел Песион, 28-годишен италијански претставник во брзо скијање и Елиса Арлијан, 26-годишна ски инструкторка и училишна учителка, загинаа „во трагична планинска несреќа“, соопшти Италијанската федерација за зимски спортови (ФИСИ).


Тие паднале од височина од околу 700 метри.

Несреќата се случила на планината Зербион, во долината Аоста. Двојката тргнала рано наутро за да го достигне врвот што и двајцата го знаеле, но кога не успеале да се вратат, нивното семејство повикало спасувачи, објави италијанскиот медиум РАИ.

Веднаш биле испратени хеликоптери, но бидејќи на карпите немало знаци кои укажуваат на пад, потрагата траела со часови. Спасувачите користеле сигнал од нивниот мобилен телефон за да ги лоцираат и ги нашле врзани.

Во потрагата учествувале екипи на алпската спасувачка служба, полиција и пожарникари. Претседателот на регионалниот совет на долината Аоста, Алберто Бертин, рече дека ова е „момент на длабока тага“. „Два млади животи уништени од несреќа на планина, планината што беше нивна страст“, ​​истакна тој.

Песион го зазеде 15-тото место во конечниот пласман на Светскиот куп во 2021 година и го освои 22-то место во дисциплината брзо скијање на Светското првенство во 2022 година, пренесува „Скај Њуз“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK