Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. UV=7
Во Скопје сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.