Хакан Фидан: Турција сака да стане членка на БРИКС

677z381_677z381_677z381_11794420-65f949e38d63f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека Турција сака да стане членка на БРИКС.


„Секако, би сакале да станеме членка на БРИКС. Ќе видиме како ќе биде оваа година“, изјави Фидан во Пекинг, за време на тридневната посета на Кина, пишува „Саут Чајна Морнинг пост“.

Фидан додаде дека со нетрпение очекува да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС, што ќе се одржи следната недела во Русија, како дел од подготовките за октомврискиот самит во Казан.

Се очекува една од темите на агендата да биде можноста Турција да се приклучи на БРИКС, пишува „Саут Чајна Морнинг пост“.

Фидан смета дека БРИКС е „добра алтернатива“ на Европската унија за Турција, кога станува збор за подобрување на економските перспективи на Турција.

Министерот додаде дека еден од важните столбови на турската надворешна политика е формирањето на силни економски врски во институционална форма.

Тој посочи дека поради „идентитетската политика“, некои големи земји од Европската унија никогаш не дозволиле Турција да стане полноправна членка на европскиот блок, иако таа долго време се обидуваше да се приклучи.

„Значи, мора да барате други алтернативи“, потенцира Фидан.

Турскиот министер истакна дека БРИКС „има уште долг пат да помине“, но дека е важна платформа за соработка која нуди добри можности.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ го поздравува интересот на Турција за БРИКС и дека на оваа тема ќе се разговара на претстојниот самит на организацијата во Казан, пренесува „Комерсант“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK