Докторот плачел: на девојка од Газа и ја ампутирале ногата на трпезариска маса со обичен нож и без анестезија

5e99c7d4-d9da-4c22-bd39-d4a33cbe1a98.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кон крајот на минатата година, лекар во Газа снимил страшна сцена – итна ампутација на нога која била извршена на трпезариска маса.

За да и го спаси животот на младата девојка морал со кујнски нож и без анестезија да и го отсече екстремитетот. Со себе имал само кофа и малку сапун.

На 19 декември 2023 година, 17-годишната Ахед Бсеисо се искачи на последниот кат од зградата во близина на болницата Ал Шифа во градот Газа за да се обиде да го повика нејзиниот татко, кој живее во Белгија, бидејќи таму сигналот е најдобар. Додека се обидувала да стигне до нејзиниот татко тоа утро, таа забележала големи израелски тенкови на улицата и одеднаш одекнала силна експлозија.

„Слушнав тресок и ѕидот се урна врз мене. Насекаде имаше прашина и на почетокот не можев да сфатам каде сум“, изјавила Ахед за „Скај њуз“. Нејзината мајка и роднините притрчале да помогнат. Успеале да ја извлечат од урнатините, но виделе дека едната нога и е скршена, а другиот во полоша состојба.

„Вујко зеде сапун од кујната и почна да ја чисти ногата. Потоа почна да плаче. Го прашав братучед ми дали ногата ми е добро, а тој само ми рече дека е подобро да не гледам надолу“, раскажува таа. Семејството ја однело Ахед по скалите до станот. Надвор се слушало пукање. „Немаше хируршка опрема. Вујко зеде сапун од кујната и почна да ја чисти ногата. Потоа почна да плаче“, се сеќава Ахед.

Вујкото, лекар, го легнал девојчето на масата во кујната и решил да изврши итна операција. Левата нога била тешко повредена, а десната потколеница на парчиња. Девојката очајно го молела својот вујко да не и ја ампутира ногата, но тој знаел што ја чека.

„Тој мораше да избере помеѓу спасување на ногата и мојот живот. Немаше анестезија, цело време бев свесна“, рече Ахед.

Вујкото ја снимил операцијата за да му покаже на светот какви ужаси се случуваат во Газа. Таа одлука на крајот го променила животот на младата девојка. Видеото го видела и Вафа Абед, која живее во мало американско гратче во Јужна Каролина.

Како и многумина прогонети Палестинци, Абед внимателно ја следеше ситуацијата во Газа. Кога наишла на видеото од ампутацијата, таа му рекла на својот син Тарек: „Мораш да ја извадиш оваа девојка. Само мораш“.

Тарек Хаилат, 27-годишен студент по медицина, неодамна почна да волонтира за Палестинскиот детски фонд за помош (ПЦРФ). Тој одлучи да ја извади Ахед од Газа. Но, успеа само по повеќе од еден месец и 17 неуспешни обиди.

Израел во неколку наврати ја одбиваше дозвола да ја напушти Газа, а медицинскиот конвој исто така беше нападнат. Кога Ахед пристигнала во САД, се нашла во малку непријатна ситуација – во земја која ја прифатила и ја спасила од ужасите на војната, но која во исто време и дава најголема поддршка на нацијата која и ги нанела повредите.

„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои дадоа се од себе за да ми помогнат. Но, не ми беше лесно да ја напуштам Газа и да заминам на лекување во земја која е можеби дури и поодговорна за мојата состојба од Израел“, рече таа.

Ахед има намера да замине во Јужна Каролина за целосно да се опорави, но сака да се врати дома што е можно поскоро. „Среќна сум и благодарена за оваа можност, но моето срце се уште е со семејството во северниот дел на Газа, што е најстрашното место на светот во моментов“, рече Ахед.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK