Лидерите на двата дома на американскиот Конгрес го поканија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обрати на нивната заедничка седница.
Републиканскиот претседател на Претставничкиот дом Мајк Џонсон денеска испрати официјална покана до израелскиот премиер да се обрати во Конгресот. Поканата беше потпишана од четворица водечки републиканци и демократи од двата дома.
Датумот на кој израелскиот премиер треба да се обрати до Вашингтон не е познат.