Шпаркасе Банка домаќин на германската делегација од Франкфурт и Хајделберг

shparkasse_hajdelberg_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Домаќин на работната средба со германската делегација од Франкфурт и Хајделберг беше Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Санел Кустурица.

Во присуство на претседателот на Бордот на директори на Хајделберг Факултет во Скопје, проф. д-р Улрих Цајтел, претседателката на УО на Франкфуртскиот универзитет Провадис, проф. д-р Уршула Ото и директорот за развој Лукас Рудериш, беше одржана работна средба со раководството на една од најголемите и најпрофитабилни банки во македонскиот банкарски систем, Шпаркасе Банка.


На средбата, од страна на германската делегација беше презентиран Франкфуртскиот дуален модел на високо образование, како прва фаза од стратегијата за трансфер на студиите во македонскиот образовен систем. Имено, Хајделберг Факултет во Скопје беше акредитиран и признаен како нов партнер за изведување на додипломски германски студии.

Ова, како што кажа проф. д-р Цајтел, претставува одлична можност за банките, да влезат во проектот, особено оние со странски капитал (од земјите со германско-австриско јазично подрачје – членки на ЕУ), затоа што, тие, одлично го разбираат концептот на дуалното високо образование, и заедно со нас, како уникатна високообразовна установа Хајделбер, да креираме нови и идни банкари, уште од најраната возраст, на пример од 21 или 22 години. Практично, тоа е уникатноста на нашиот образовен модел во Хајделберг факултет во Скопје. Да се креираат кадри заедно со нашите дуални партнери во текот на студиите, во сите три години од циклусот, дополни директорот за развој, г-дин Лукас.

Имено, како што беше нагласено, една од најважните елементи на успехот на тамошната економија е вложувањето и развојот на млади кадри, веднаш после завршување на средното училиште. За таа цел, делегацијата од Германија, го презентираше начинот и стратегијата за работа во новата германска високообразовна установа Хајделберг Факултет во Скопје, како и условите за студирање во петтиот семестар во Франкфурт за сите идни и млади студенти – банкари, кои ќе бидат дел од наставата во првата генерација.

Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банката изрази интерес да се оди во наредна фаза од процесот, а тоа ќе значи формирање на работна група за целите на проектот, составена од двете институции.

Како што заклучија сите учесници на состанокот, Шпаркасе Банка е пример за општествена одговорност, а за тоа сведочи платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“, преку која, Банката продолжува да поддржува проекти и иницијативи од различни области, како спорт, култура, образование, уметност, финансиската едукација. За таа цел, Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка,  Санел Кустурица ја претстави петгодишната стратегија на Банката, во која е ставен фокус на: растот и развојот на бројот на клиенти, раст на кредитното портфолио и раст на депозитното портфолио, како и вложувања во заедницата преку платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“ и континуирано вложување во задоволството и професионалниот развој на вработените кои се движечка сила на банката.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK