Вчера во 11.43 часот во СВР Тетово, М.Н пријавил дека при изведување градежни работи и ископ на пат на улица „ЈНА“ во Гостивар пронашол повеќе експлозивни направи, извести МВР.
„Увид извршила екипа од ОВР Гостивар, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека станува збор за 29 гранати калибар 100 мм од германско производство, кои потекнуваат од Првата светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка“, соопшти МВР.