Вчера попладне, во 16.25 часот во СВР Скопје, 29-годишната С.А. од Скопје пријавила дека пред полициски објект на подрачјето на Центар, додека го управувала нејзиното патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, настанал пожар, извести МВР.
„Пожарот бил изгаснат со интервенција на полициски службеник со противпожарен апарат, а потоа и од Бригадата со противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема, а полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот“, соопшти МВР.