Кацарска рече дека закани добивала на секои два-три дена, а била и физички нападната

Каварска-до-политичарите-Итно-ни-е-потребно-воведување-на-уставна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Уставниот суд во заминување, Добрила Кацарска која неодамна во полицијата пријави закани, рече дека тоа станало премногу често.


„Закани трпам неколку години наназад. Немало недела да помине, а да нема некоја закани. Бев и физички нападната, сметав дека се работи за изолирани случаи“, рече Кацарска притоа додавајќи дека претходните закани не ги пријавувала за да не ги вознемирува јавноста и полицијата, но откога почнале да се повторуваат секој втор или трет ден, одлучила дека треба да го направи тоа.

Како што рече, до денес нема информација од МВР во врска со пријавата од пред две недели кога судиката нашла импровизиран кревет и забоден кујнски нож пред гаражата.

Подоцна таа пријави уште една закана што се случила во близина на Т.Ц. Рамстор, за која рече дека од она што го знае, заканувачот бил приведен, за што информираше и МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK