Силјановска Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

gordana-siljanovska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Силјановска Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата.


„Знаете дека тие лентите не се многу големи, разговаравме во кабинетот, имавме и различни мислења меѓу себе, на пример јас имав мислење дека може „РС Македонија“, бидејќи немаше простор. Но, некако на крајот рековме дека можеби бидејќи јас сум на чело на делегацијата, државна, црковна, ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам многу од нив, многу се логични сме. Македонија ја претставувавме таму. Но веројатно во време кога, после мојот говор, после моето избегнувањето, на говорницата, на официјалното име на државата, после определувањето за Македонија, врз основа на правото на самоопределување или слободата на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Не мислам дека тоа е не знам каков проблем, ниту негирање на Македонија, ниту негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата, кои сме ние. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, одговори Силјановска Давкова на новинарското прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK