Дебарската полиција, по претходна дојава, во текот на ноќта запленила над 400 метри мрежи за лов на крап на Дебарско Езеро, кусо по нејзиното пуштање.
„Мрежите биле пуштени во близина на езерскиот брег во атарот на Центар Жупа. Ова навистина е за секаква осуда, зашто ваквите примери ќе ги избркаат и тие малку спортски риболовци кои ловат во тој дел на езерото. Несовесноста е уште поголема кога се знае дека во тек е забрана за риболов на крап и клен, поради мрестот на овој вид риба, која трае до 15 јуни, изјави Бени Халити, претседател на спортското риболовно друштво „Трофта“.
Тој ја поздравува акцијата на полицијата, со која, вели имаат одлична соработка, во насока на заштита на рибниот фонд на езерото, кое за жал веќе неколку годни е без концесионер.
„Апелирам до сите граѓани и реакреативни риболовци на поголема совесност и во случај да забележан незаконски активности во водите на езерото веднаш да се јават во друштвото или во полиција. Само така ќе можеме д го заштитиме ова нашето бегатство“, посочува Халити.