(Видео) Со солзи во очите Клаудио Раниер замина во пензија

GOSh_2mWcAEE0It.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Каљари во минатато коло обезбеди опстанок во Серија што беше главна цел на екипата од Сардинија, која од клупата ја предводи легендарниот Клаудио Раниери. Синоќа 72-годишникот последен пат во кариерата водеше една екипа на фудбалскиот терен. Со солзи во очите тој замина во пензија.


Каљари ја пречека Фиорентина, натпреварот заврши со победа на гостите од Фиренца 2:3. Виола постигна гол за победа од пенал во 103.минута.

На почетокот на натпреварот целиот стадион, играчите на двата тима, па дури и судиите му аплаудираа на Раниери. Тој е можеше да ги задржи солзите.

„Одлучив Каљари да биде последниот клуб во мојата кариера. Морам да напоменам дека не сум кандидат за селектор на Италија. И да, Каљари е последен клуб со кој раководам во мојата кариера.

Ова е навистина вистинското место за крај, чувствувам дека го затворив кругот. Мојата кариера започна тука, Каљари ме покани и веруваше во мене иако бев млад и неискусен. Тоа беше пред 35 години, не ни знаев дали ќе станам тренер. Започна со идејата да се вратиме во Серија Б за неколку години, а од Серија Ц стигнавме во Серија А за две години. Оттогаш Каљари е во моето срце“, рече Раниери.

Раниери 38 години беше тренер, од кои 31 година беше тренер во Серија А. Со Лестер ја освои Премиер лигата во 2016 година и тоа е негов најголем успех. Со Фиорентина го освоил Купто на Италија во 1996 година. Во Шпанија со Валенсија го освоил Купот во 1999 и Суперкупот во 2004 година.

На почетокот на кариерата го водеше Каљари, потоа Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Валенсија, Парма, Јувентус, Рома, Интер, Монако, Лестер, Нант, Фулам, Сампдорија и Ватфорд.

Тој беше селектор на Грција и во 2014 година, но само четири пати ја водеше репрезентацијата и оствари само едно реми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK