На 21 мај, во 10.48 часот во СВР Битола, вработен во градежна фирма пријавил дека при вршење на ископ во Старата касарна во Битола пронашле поголем број на стари пушки, извести МВР.
„Увид извршила екипа од СВР Битола, а на 22.05.2024 пушките биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој констатирал дека станува збор за 110 стари нефункционални пушки со потекло од Првата светска војна“, соопшти МВР.